Новости:

14.04.2014

Објавена е нова верзија 13.19. Имплементиран е болнички упат преку серверот на МЗ. Во формата интернет упати има таб болнички упат. Овде се бира Институција и оддел. Во долниот дел се внесува објаснувањето зошто матичен лекар издава болнички упат. Доколку се праќа во болница на терциерно ниво, треба да се селектира полето исклучоци за праќање директно на терциерно ниво, се одбира причината и се клика на закажи болнички упат. Доколку се одбере причина Друго, треба да се пополни истата во полето кое ќе се отвори. Доколку се знае лекарот кон кого се упатува се штиклира полето за лекар кон кој се упатува и се пополнуваат податоците за име и презиме и шифра на лекар.

20.03.2014

Почитувани корисници ве потсетуваме редовно да правите ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ.

20.03.2014

Почитувани корисници проблемот со фаилот за превземанје на институциите од министерство за здравство е отклонет. После 13:30 часот можете да направите конфигуриранје кај УПАТИ ИНТЕРНЕТ.

20.03.2014

Почитувани корисници има проблем со фаилот за превземанје на институциите од министерство за здравство. Затоа во следниот период додека да се реши проблемот НЕ КОНФИГУРИРАЈТЕ КАЈ УПАТИ ИНТЕРНЕТ.

19.03.2014

Почитувани корисници имаме информација дека има промена во генериките па за да немате проблеми при препишување на рецепти ќе треба да ги превземете новите генерики. (во табот 'конфигурирање' кај рецептите има копче 'превземи повторно')

18.03.2014

Објавена е нова верзија 13.18. Направено е забрзување на вчитување на термините, особено забележително кај спортска медицина во Скопје.

11.03.2014

За да можете да видите за некоја цел на кои пациенти можете да ја реализирате треба од менито 'Planiranje na celi' па потоа 'Planiranje naj NOVO', потоа се избира година тромесечие и лекар и се клика на копчето прикажи со што во долниот дел на прозорот ќе се појават целите, за да изберете цел треба да кликнете на таа цел и потоа да кликнете на копчето 'ЛИСТАЈ' и на екранот ке добиете табела на пациенти на кои можете да ја реализирате целта која сте ја избрале од табелата.

10.03.2014

Почитувани корисници доколку некој пациент го враќаат од аптека поради проблем со дијагнозата (му бараат некоја дијагноза која ја немате во програмата), тогаш треба од главното мени на програмата да изберете 'Sifrarnici' па пороа 'Dijagnozi' и на '+' можете да додадете нова дијагноза, потоа кликате потврди, потребно е да ја изгасите капитацијата и дури потоа дијагнозата ке ви се појави за да можете да ја изберете при препишување на рецепт или при внесување на прегледи.

10.03.2014

Објавена е верзија 13.17 во која се направени неколку корекции меѓу кои и решение на подолу опишаниот проблем.

10.03.2014

Во изминатите 2 месеци кај 15 до 20 установи дојде до појава на губење на дел од податоците кои ги имаат внесено во тековниот ден. Бидејќи ова појава зачести од Нова година наваму преземавме интензивни активности да утврдиме за што станува збор. Кај голем број ординации беше наместено да се запишуваат во log сите активности кои се извршуваат. Особено тоа се направи кај установите кај кои дојде до загуба на податоци. на одредени периоди ги земавме тие log-ови и детално истражувавме што се случува. Особено детално беа истражувани активностите таму каде се појави загуба на податоци. Потрошивме големи финансиски ресурси и голем број на саати работа да утврдиме што е проблемот и да најдеме решение. Од земените log-ови увидени се голем број на чудни, дури и несфатливи начини на работа со програмата. За проблемот, на крајот по голем број на потрошени викенди и ноќи се утврди дека се случува поради НЕПРАВИЛЕН и доста НЕВООБИЧАЕН начин на работа. Проблемот се случуваше при внесување на цели. За нова цел се клика на + и се внесуваат потребните податоци. Потоа наместо да се кликне на потврди, пак се клика на + и се внесува друга цел и пак не се клика на потврди. Потоа се бришаат внесените цели со кликање на -. Таквиот неправилен и тешко утврдлив начин на работа водеше кон блокирање на базата и губење на дел од податоците од тековниот ден. Во новата верзија 13.17 е направена забрана на ваквиот начин на работа, меѓутоа, постојат други можни неправилни комбинации чиј број можеби се брои и со милијарди. Сите можни комбинации за неправилна работа неможат да бидат блокирани. Очекуваме дека сите треба да ги знаат и почитуваат ОСНОВНИТЕ принципи на работа со програмата, за внесување на нов податок кликање на +, што на крај завршува со откажи ако се откажуваме од внесување или потврди ако сакаме да ги запишеме внесеното. Тешко можевме да претпоставиме дека ќе има појава на кликање на многу пати на + без ниеднаш да се клика на потврди или откажи, проследено потоа со бришење на така внесените податоци. Ве молиме за ПРАВИЛНА работа со програмата.

06.03.2014

Почитувани корисници имаме информација дека има промена во генериките па за да немате проблеми при препишување на рецепти ќе треба да ги превземете новите генерики. (во табот 'конфигурирање' кај рецептите има копче 'превземи повторно')

05.03.2014

Почитувани корисници доколку имате проблем со рецептите, доколку ви ги враќаат од аптеките бидејќи дијагнозата не била соодветна за таа генерика Ве известуваме дека тоа е проблем кој треба да се реши во аптеката, Ве известуваме дека сме запознаени со филтерот кој го најави Министерството за Здравство меѓутоа тој треба да почне да функционира после 01.05.2014 год.

03.03.2014

Објавена е нова верзија на капитација 13.16. Во неа се додадени двете нови анализи во ЛУ1 образецот. Отклонети се и некои грешки.

20.02.2014

Почитувани корисници ве известуваме дека упатитите за спортска медицина се закажуваат преку табот 'упатување на апарат'. Во тој таб се избира институција, потоа дејност и на колоната за апарат се појавува 'спортска медицина'.

10.02.2014

Објавена е нова верзија 13.15. Во неа е ажуриран образецот за ортопедски помагала, автоматски се пресметува скор кај целта КВП.

09.02.2014

Утре, на 10.02.2014 ќе биде објавена нова верзија на програмата. Кога ќе ја добиете пораката дека има нова верзија и кликнете на yes за да се надгради, чекајте додека повторно не ви се појави прозорот за внесување на корисничко име и лозинка. Доколку во меѓувреме не чекате и повторно ја стартувате програмата или пак го рестартирате компјутерот, програмата нема да се надгради како што треба и нема да работи.

04.02.2014

Доколку немате проблем кој ве оневозможува во работата, или се појавува некаква грешка која не е критична за работата ве молиме за тоа да не информирате преку email порака. Исто така, за разни коментари, прашања и предлози за подобрување на програмата молиме истите да се праќаат како email пораки на нашата email адреса kasoftplus1@yahoo.com. Email пораките ги читаме по неколку пати на ден, ги анализираме барањата и на сите одговараме. Телефоните треба да останат слободни за тие што навистина имаат некој сериозен проблем и им треба брза и моментална интервенција. Благодариме за разбирањето.

04.02.2014

Ве молиме да се прочитаат и сфатат овие препораки: Кога има нова верзија на програмата, се појавува порака дека има нова верзија, дали сакате да ја инсталирате. Кога ќе кликнете на yes, програмата се симнува од интернет и самостојно се инсталира. Додека повторно самостојно не се стартува и не ви побара корисничко име и лозинка, во никој случај немојте да го рестартирате компјутерот или повторно да ја стартувате програмата. Ако тоа го направите, новата верзија од програмата нема да се инсталира како што треба и нема да работи.

03.02.2014

Ве молиме да ги проучите обрасците за новите цели кои ги креираше ФЗОМ и да го прочитате упатството кое го поставивме на нашиот веб сајт за работа со новите цели.

03.02.2014

Во врска со новите цели на нашата веб страна www.ka-softplus.com.mk во делот за ПОДРШКА има кратко упатство околку начинот на реализација на целите.

03.02.2014

Ве молиме да се прочитаат и сфатат овие препораки: Кога има нова верзија на програмата, се појавува порака дека има нова верзија, дали сакате да ја инсталирате. Кога ќе кликнете на yes, програмата се симнува од интернет и самостојно се инсталира. Додека повторно самостојно не се стартува и не ви побара корисничко име и лозинка, во никој случај немојте да го рестартирате компјутерот или повторно да ја стартувате програмата. Ако тоа го направите, новата верзија од програмата нема да се инсталира како што треба и нема да работи.

03.02.2014

Во новата верзија, по барање од МЗ, е направено на упатите да не се печати описот на дијагнозата туку само МКБ10 шифрата. Ве молиме да не се јавувате и за тоа, затоа што сме блокирани од јавувања и навистина некој што има вистински проблем неможе да не добие.

03.02.2014

Верзијата 13.14 автоматски ги пронаоѓа хронично болните во зависност од претходно внесените дијагнози во прегледите. Во оваа верзија целите се сметаат за реализирани ако на формата реализирање на цели е селектирано полето "Целта е комплетно реализирана". Доколку досега комплетно сте реализирале некои цели треба да го селектирате ова поле и да кликнете на потврди.

03.02.2014

За жал верзијата 13.13 не преживеа долго време. Во недела на 02.02.2013 беа објавени нови обрасци за цели. Тимот на Ка-Софт интензивно работеше истите да ги имплементира и затоа е објавена нова верзија 13.14.

02.02.2014

На формата прегледи има копчиња Збирен електронски амбулантски дневник и Детален електронски амбулантски дневник. Збирниот електронски амбулантски дневник се печати на крајот на денот. Деталниот електронски амбулантски дневник не треба да се печати. Деталниот амбулантски дневник ќе се користи кога ќе има контрола од ФЗОМ, евентуално тие може да го печатат ако им треба.

01.02.2014

На формата прегледи има копчиња Збирен електронски амбулантски дневник и Детален електронски амбулантски дневник. Збирниот електронски амбулантски дневник се печати на крајот на денот. Деталниот електронски амбулантски дневник не треба да се печати. Деталниот амбулантски дневник ќе се користи кога ќе има контрола од ФЗОМ, евентуално тие може да го печатат ако им треба.

01.02.2014

Ве молиме да се прочита, и научи начинот за проверка на осигурувањето од серверот на Министерство за здравство. На формата прегледи има копче Провери осигурување МЗ. Доколку се кликне на него се добиваат податоци за осигурувањето на тековниот пациент.

01.02.2014

Ве молиме да се прочита, и научи начинот за вчитување на ЕЗБО бројот од картичката доколку некој сака да го користи. На формата за прегледи, до полето за ЕЗБО бројот има копче Читај ЕЗБО. Кога ќе се кликне на него ќе се вчита ЕЗБО бројот доколку е ставена картицата во omnikey читач.

01.02.2014

Објавена е нова верзија 13.13. Во неа се имплементирани сите новитети околу Електронскиот амбулантски дневник. Имплементирана е и опција за читање на ЕЗБО бројот од електронската картичка на формата прегледи и во осигуреници. Може да се провери и состојбата на осигурување на пациентот од серверот на Министерство за здравство.

31.01.2014

ПРОМЕНА НА РАСПОРЕДОТ ЗА ЕДУКАЦИИТЕ ЗА КЛИНИЧКИ УПАТСТВА

Проектот продолжува, Во меѓувреме ќе бидете известени за нов распоред и нов начин на реализација на започнатиот проект Почитувани, Со овој допис, од име на Министерството за здравство би сакале да истакнеме дека минатиот викенд се одржа првата од серијата бесплатни обуки во организација на Министерство за здравство за Упатствата за практицирање на Медицина базирана на докази. Министерството за здравство, со цел да излезе во пресрет на вашите барања, но и задоволување на потребите на здравствениот систем и пациентите, соодветно го преработи каледнарот за задолжителните и бесплатни обуки (Овој календар за обуки сеуште не е финален и не е објавен никаде). Начелно се предвидува овие обуки да се одржуват на квартално ниво, при што за термиот и материјалите благовремено ќе бидете известени. Значи викендов и наредните викенди според стариот распоред, нема да има обука во пунктовите. За точната дата ќе бидете навремено известени..

ЦЕЛОТО ИЗВЕСТУВАЊЕ НА ОВОЈ ЛИНК

(http://zdravstvo.gov.mk/izvestuvanjezamaticni).

21.01.2014

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани, Почнувајќи од претстојниот викенд (25ти и 26ти Јануари 2014 година) Министерството за здравство организира ЗАДОЛЖИТЕЛНИ и БЕСПЛАТНИ обуки во викендите, почнувајќи од 25ти Јануари до 11ти Мај 2014 година. Секој матичен лекар ќе има предавања секој втор викенд. Обуките ќе се одржуваат и во сабота и недела. Потребно е ВЕДНАШ да утврдите : 1. Во кој ПУНКТ спаѓате и местото во кое ќе се одржуваат предавањата 2. Датумите за одржување на обуките за вашиот ПУНКТ 3. Материјали за подготовка пред обуките (објавени се на страната на МЗ) ПОТРЕБНИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЌЕ ГИ ДОБИЕТЕ ТУКА:

http://zdravstvo.gov.mk/izvestuvanjezamaticni

Доколку некој има нешто нејасно или прашање во врска со ова нека се јави во Мој Термин на 02/15 444, не кај нас бидејќи апсолутно немаме никакви информации и незнаеме ништо за овие обуки.

16.01.2014

Доколку некојпат не работи сајтот Мој Термин на Министерство за здравство или сајтот на ФЗОМ, Ве молиме да не се јавувате кај нас. Евентуално може да се јавите во Министерство за здравство или во ФЗОМ соодветно. Во такви моменти ние сме блокирани од јавувања а неможеме ништо да направиме бидејќи сајтовите не се наши. Поради таквите јавувања кај нас не сме во можност да услужиме некој корисник кој навистина има некој проблем кој е поврзан со нас. Благодариме за разбирањето.

16.01.2014

Информирани сме од многу места дека сајтот на ФЗОМ за пријавување и одјавување на пациенти не работи. Ве молиме за тие проблем да се јавувате во ФЗОМ, ние неможеме да ги отклониме тие проблеми бидејќи сајтот не е наш. Телефонските броеви на ФЗОМ побарајте ги на нивниот сајт или во подрачните служби.

11.01.2014

Почитувани, Ве известуваме дека е потребно во Мој Термин да ги ажурирате податоците за контакт: e-mail адреса и мобилен телефонски број. Тоа може да го направите откако ќе се најавите на http://mojtermin.mk/ со корисничко име и лозинка, за кое, доколку немате информација, може да се обратите со мејл на следнава адреса mojtermin@zdravstvo.gov.mk. Податоците за контакт кои ќе ги внесете се задолжителни за сите здравствени работници и во иднина ќе се користат за официјална комуникација на Министерството за здравство со Вас. Со почит, Министерство за здравство. Доколку некој има нешто нејасно или прашање во врска со ова нека се јави во Мој Термин на 02/15 444, не кај нас.

08.01.2014

Тимот на КА-СОФТ вложи максимални напори и успеа да ги направи потребните промени и да ги имплементира новите цели за да може да стартувате со НЕОПХОДНИТЕ работи веднаш по празниците.

08.01.2014

Ве молиме да се прочита и сфати оваа информација: Нема грешка во програмата за бројот на целите кои треба да ги реализирате. Новите цели се спроведуваат на 50% од населението од 14 до 65 години годишно.

08.01.2014

Ве молиме да се прочита и сфати оваа информација: Трансфер на податоци за новите цели нема затоа што ФЗОМ сеуште нема дефинирано протокол како тие податоци ќе се разменуваат.

08.01.2014

Објавена е нова верзија во која е најбитно дека: Имплементирани се новите цели, пресметка за новите цели, план и реализација на новите цели. Имплементирани се и 95% од потребните работи за електронскиот амбулантски дневник. Новите полиња кои се појавуваат на формата прегледи се за Електронскиот амбулантски дневник.

03.01.2014

Ги имаме сите потребни информации за новите цели. Кога ќе биде готова програмата со новите цели ќе ја објавиме и таа автоматски ќе се надгради.

02.01.2014

Ве молиме да се прочита и сфати следнава информација: Нема објавено никакви нови информации за нови цели. Податоци за нови цели, информации кои ќе се внесуваат за нив и шаблони за истите воопшто не се објавени. Кога ќе има нешто ново ние ќе дознаеме пред Вас и ќе спремиме соодветна измена во програмата која автоматски ќе се инсталира кај вас, доколку има потреба од такво нешто.

31.12.2013

Среќни и весели празници, многу здравје, среќа и успех во Новата 2014 година Ви посакува тимот на Ка-софт.

30.12.2013

Објавена е нова верзија 13.11. Во неа е поставено копче на формата прегледи "Податоци за пациент". Со кликање на тоа копче директно се отвора формата за осигуреници со пополнети податоци за тој пациент.

25.12.2013

Објавена е новата верзија на капитација за 2014 година.

25.12.2013

Денес попладне ќе биде објавена новата верзија за 2014 година. Тие што се денес втора смена ќе може да се јават за активациски код,по објавување на програмата. Утре работното време ќе ни биде од 7.30. Тие што се утре прва смена ќе може да се јават за активациски клуч после 7.30.

24.12.2013

Почитувани доколку имате проблем со закажување на приоритетни упати проблемот не е до софтверот. Од денес министерството за здравство има воведено рестрикции за приоритетни упати во некој дејности и поради тоа можно е да не можете да праќате приоритетни упати за тие дејности.

21.12.2013

Во наредните неколку дена ќе биде објавена верзијата за 2014 година. Оние кои ја немаат платено верзијата за 2014 нека не ја надградуваат бидејќи програмата нема да работи. Значи, кога ќе се појави прозорот дека има нова верзија не кликајте на yes да се надгради туку на no.

Н О В О

Имаме сите видови компатибилни и оригинални тонери и кертриџи за HP, EPSON, CANON, LEXMARK, SAMSUNG, XEROX и многу други. Најповолни цени и испорака до вашата ординација (испорака на терироријата на Скопје). За повеќе информации контактирајте не на: 02/5211200, 02/2468017 моб. 076/468017 од понеделник до петок од 09ч до 17ч

02.12.2013

Објавена е верзија 12.37. Променети се обрасците за рецепти.

26.11.2013

Објавени се информациите за плаќање на програмите за 2014 година на web сајтот www.ka-softplus.com.mk.

26.11.2013

Објавена е верзија 12.36. Додадено е превземање на итни упати генерирани од страна на специјалист. Копчето за превземање на итните упати е во Интернет упати, таб досегашни упатувања.

25.11.2013

Почитувани корисници имаме известување од Министерството за здравство дека 27.11.2013 (Среда) е неработен ден. Доколку имате пациенти на кои им имате закажано термин на тој ден ќе треба да ги известите дека прегледот ќе можат да го реализираат на ден 30.11.2013 (Сабота).

18.11.2013

Почитувани корисници Ве известуваме дека денес од страна на Министерството за Здравство се додадени нови оделенија и нови специјалисти за упатување. Поради тоа ќе треба да конфигурирате повторно кај 'Упати интернет'.

05.11.2013

Во скоро време ќе почне да се проверува валидноста на мобилниот телефонски број кој е внесен за пациентот. Со неточен мобилен телефонски број нема да може да се врши упатување. Мобилниот телефонски број треба да почнува со 0 и да има 9 цифри. Пример: 07XXXXXXX.

17.10.2013

Почитувани Ве известуваме дека утрово има проблем во Министерството за здравство, серверот e преоптоварен и можно е да неможете да праќате рецепти или упати. Проблемот е до серверот на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО!

15.10.2013

Објавена е верзија 12.35. Додаден е приоритетен упат кај упатување на апарат и упатување по специјалности.

07.10.2013

Почитувани Ве известуваме дека поради проблем во Министерство за здравство нема да можете да закажувате и да праќате рецепти. Проблемот не е до нашиот софтвер, се надеваме дека во текот на денот ќе го средат проблемот кај нив и ќе можете повторно да функционирате без проблеми.

04.10.2013

Објавена е верзија 12.34. Избришано е копчето за печатење на упат без праќање на упатот на Интернет.

25.09.2013

Објавена е 33-та верзија 12.33. Додаден е специјалистички упат при закажување на апарат.

24.09.2013

Порака од Министерство за здравство: генериката pramipexole наместо од 0.18 мг препишувајте ја од 0.25, и наместо 0.7 мг препишувајте ја таа од 1. Повеќе информации на сајтот на www.zplrm.mk и во Министерство за здравство.

12.09.2013

Објаснување во врска со цените на генериките: Како што веќе знаете генериките и сите податоци поврзани со нив ги внесуваат од Министерство за здравство. Со конфигурирање кај електронски рецепти вие само ги превземате податоците од серверот на Министерство за здравство. Со тоа превземање се земаат и цените на генериките. На телефонот за подршка, 02/15 444 може да побарате во Министерство за здравство да се изврши корекција на некои цени. По превземање имате и можност во менито Listi/Generiki Internet да промените самостојно некои цени, доколку сметате дека тоа е потребно. Ние не би сакале да менуваме податоци кои ги внесува една официјална институција како што е Министерство за здравство. Инаку, колку за потсетување, што веруваме дека исто така го знаете. Овие цени и суми на вкупно препишани лекови кои се добиваат во програмата се само информативни и служат отприлика да знаете до каде сте дошле со препишувањето. Некои препишани рецепти кои кај вас влегуваат во сумата и воопшто не се земаат од пациентите. Сумата која се употребува за целта рецепти е таа која ја добива ФЗОМ од аптеките. Затоа, и на трансферите на податоци кои се прават кон ФЗОМ воопшто не се трансферираат овие суми ниту во фајловите за планирани цели ниту во фајловите за реализирани цели. Доколку според вашата програма сте ја надминале максималната сума, можете во менито Planiranje/Racno menuvanje да ја зголемите планираната сума над тоа што ги имате препишано, бидејќи и онака оваа пресметка се врши не од вашите податоци туку од она што го добива ФЗОМ од аптеките.

11.09.2013

Објавена е нова верзија на софтверот за капитација, 12.32. Во неа има опција за побрзо конфигурирање на 'упат интернет'.

11.09.2013

Сервисот на Министерство за здравство за превземање на институции работи. Moжете да конфигурирате.

11.09.2013

Сервисот на Министерство за здравство за превземање на институции не работи. Не кликајте на конфигурирај. Кога ќе го направат ќе ставиме нова порака.

10.09.2013

Почитувани доколку имате проблем кога закажувате, ако ви се појави грешка при вчитување на лекари ве молиме конфигурирајте повторно.

03.09.2013

Ве молиме да се прочита ова упатство за пребарување на институции: Додадена е опција за препарување на институции кај интернет упатите (полето се наоѓа веднаш под полето каде што ги има инстируциите). Во ова поле треба да се внесе името или дел од името на иституцијата и да се кликне пребарај, после ова во полето институции ќе има плус (+) само во оние групи кадешто има таква институција. Доколку сакате да ви се појават повторно сите институции треба да кликнете на копчето прикажи сите и филтерот ке се избрише.

03.09.2013

Објавена е нова верзија на софтверот за капитација, 12.31. Во неа има опција за пребарување на институции.

30.08.2013

Ве молиме да се прочита ова упатство за приоритетни упати: Во формата Интернет упати има и копче приоритетен упат. Тие упати се користат само за итни случаи и за нив треба да се избере само Институција и дејност. Не треба да се бира лекар и термин. Во полето Наод (причина за приоритетен упат) треба да се напише зашто упатот е Итен (приоритетен). Потоа се клика на копчето Приоритетен упат.

30.08.2013

Објавена е нова верзија на софтверот за капитација, 12.30, јубилејна 30 верзија оваа година. Во неа позначајни измени се: имплементација на приоритетен упат, превод на пораките кои се враќаат од серверот на Министерство за здравство на македонски јазик.

29.08.2013

Доколку при закажување на термин ви се јавува порака Patient mobile phone is required, тоа значи дека во полето мобилен тел. број во осигуреници треба да се внесе мобилниот телефон. Напоменуваме дека мобилниот телефон треба да се внесе во полето мобилен тел. број а не во полето телефон.

29.08.2013

Доколку при закажување на термин или праќање на електронски рецепт не се закаже терминот или рецептот не се прати успешно, се враќа порака од серверот на Министерство за здравство со текст на грешката. Во текстот на грешката пишува што е проблемот, прочитајте го текстот и утврдете што е грешката. Ако недостига некој податок што не сте го внеле, внесете го. Најчеста грешка е дека лекарот не е матичен за пациентот за кој се закажува термин или се праќа електронски рецепт. Друга честа грешка е со ставање на шифри на специјалист или субспецијалист. Доколку генериката е во режим на препишување за кој треба препорака од специјалист или субспецијалист, соодветните шифри треба да бидат внесени. Грешката што ја добивате се враќа од серверот на МЗ и во неа има текстуален опис што е проблемот или што недостига. Ниедна од овие грешки неможат да се одстранат од наша страна бидејќи не се поврзани со функционирање на програмата.

29.08.2013

Во програмата 12.29 имате можност да ги смените цените на генериките кои се симнуваат од Министерство за здравство. Тоа се прави во менито Listi/Generiki internet .

27.08.2013

Обуки и инсталции на драјвер за читач и друг потребен софтвер: Доколку имате потреба може да ги инсталираме драјверите и другиот потребен софтвер за функционирање на ЕЗК, да Ве обучиме за работа со новиот портал на ФЗОМ на кој може да внесувате пријави и одјави, да ја добивате листата на пациенти кај Вас, да го проверите осигурувањето на пациентот и податоци за останатите лекари (стоматолози) кои ги има пациентот. За Скопје обуката ја вршиме во Вашите простории, додека за останатите градови треба да се јавите на 02/2461 108 и обуката се одвива преку телефон со употреба на Teamviewer. Оваа услуга дополнително се наплатува. Дополнителни информации може да се добијат на 02/2 461 108.

Н О В О

Имаме сите видови компатибилни и оригинални тонери и кертриџи за HP, EPSON, CANON, LEXMARK, SAMSUNG, XEROX и многу други. Најповолни цени и испорака до вашата ординација (испорака на терироријата на Скопје). За повеќе информации контактирајте не на: 02/5211200, 02/2468017 моб. 076/468017 од понеделник до петок од 09ч до 17ч

27.08.2013

По нашата препорака, добија код и институциите кои истиот го немаа така што сега може да се закажува и во нив. Проблемот остана само во Завод за ментално здравје Скопје, кој е нова институција и очекуваме брзо решение на проблемот и за нив.

23.08.2013

Во XML фајлот за институции кој го креира МЗ, на 8 институции не е ставен параметарот code без кој неможе да се закажуваат термини.Меѓу позначајните институции се Завод за ментално здравје Скопје и Стоматолошки клинички центар св. Пантелејмон. Одговорните во МЗ се информирани и очекуваме да го исправат XML фајлот за институции.

23.08.2013

XML фајлот за автоматско вметнување на EZBO бројот, доколку сакате да го користите тоа, се добива од Фондот за здравство. Или побарајте го од таму или симнете го од нивниот портал мое осигурување. Тие фајлови ние не ги даваме.

22.08.2013

Други битни работи што се направена во верзијата 12.29, а не се спомнати претходно се можност за менување на цените на генериките кои се симнуваат од серверот на Министерство за здравство и електросни рецепт за странски осигуреници. Цените може да ги смените во менито Listi/Generiki Internet.Можност за праќање на електроснки рецепти за странски осигуреници има во формата за електроснки рецепти.

22.08.2013

Објаснување за проблеми со праќање на рецепт со конзилиум: Во документацијата од Министесртво за здравство стои дека факсимилите во тој случај се праќаат во таговите subspecijalist и konzilium. Наместо тоа, во реалноста се користат таговите specijalist2 и specijalist3. Корекција за ова е направена во верзијата 12.29.

22.08.2013

Објавена е 29 тата верзија на програмата оваа година, 12.29. Во неа се направени овие значајни работи:1. Во внесување е додадена опција Vcituvanje na EZBO broevi, оваа опција ги превзема ЕЗБО броевите од XML фајлот од ФЗОМ. 2. Додадени се нови обрасци за РДУ1 и РДУ2. 3. Направена е компатибилност со праќање на рецепти за кои треба конзилиум.

21.08.2013

Доколку при закажување на термин ви се јавува порака Patient mobile phone is required, тоа значи дека во полето мобилен тел. број во осигуреници треба да се внесе мобилниот телефон. Напоменуваме дека мобилниот телефон треба да се внесе во полето мобилен тел. број а не во полето телефон.

07.08.2013

Доколку при закажување на термин или праќање на електронски рецепт не се закаже терминот или рецептот не се прати успешно, се враќа порака од серверот на Министерство за здравство со текст на грешката. Во текстот на грешката пишува што е проблемот, прочитајте го текстот и утврдете што е грешката. Ако недостига некој податок што не сте го внеле, внесете го. Најчеста грешка е дека лекарот не е матичен за пациентот за кој се закажува термин или се праќа електронски рецепт. Друга честа грешка е со ставање на шифри на специјалист или субспецијалист. Доколку генериката е во режим на препишување за кој треба препорака од специјалист или субспецијалист, соодветните шифри треба да бидат внесени. Грешката што ја добивате се враќа од серверот на МЗ и во неа има текстуален опис што е проблемот или што недостига. Ниедна од овие грешки неможат да се одстранат од наша страна бидејќи не се поврзани со функционирање на програмата.

06.08.2013

Имињата на генериките, режимот на препишување и цените кај електронските рецепти не се дефинираат од нас. Тие податоци ги внесува Министерство за здравство и истите се превземаат тогаш кога се прави конфигурирање. Ние не можеме да внесеме нови генерики ниту пак да извршиме поромена на некои од податоците.

25.07.2013

Обуки и инсталции на драјвер за читач и друг потребен софтвер: Доколку имате потреба може да ги инсталираме драјверите и другиот потребен софтвер за функционирање на ЕЗК, да Ве обучиме за работа со новиот портал на ФЗОМ на кој може да внесувате пријави и одјави, да ја добивате листата на пациенти кај Вас, да го проверите осигурувањето на пациентот и податоци за останатите лекари (стоматолози) кои ги има пациентот. За Скопје обуката ја вршиме во Вашите простории, додека за останатите градови треба да се јавите на 02/2461 108 и обуката се одвива преку телефон со употреба на Teamviewer. Оваа услуга дополнително се наплатува. Дополнителни информации може да се добијат на 02/2 461 108.

25.07.2013

Објаснување во врска со превземање на податоци за институции: При превземање на податоците за институции, од серверот на МЗ во Вашата база се превземаат само Институциите и дејностите . Податоците за лекарите, апаратите и термините не се превземаат со конфигурирање. Тие се читаат online во моментот кога правите закажување. На некои места постои заблуда дека треба да се превзема секој ден или секој втор ден за да се превземеле термините. Тоа не е точно, како што објaснивме, термините се превземаат и се прикажуваат во моментот кога го вршите закажувањето. Податоците за институции би требало да се превземаат многу ретко, тогаш кога ќе се отвори нова институција, нова дејност во некоја институција и да треба токму во таму да упатите пациент. Доколку немате таков случај не треба да ги превземате институциите.

22.07.2013

Упатсвото за закажување на термини за апарати можете да го најдете на нашата веб страна: www.ka-softplus.com.mk

22.07.2013

Објавена е нова верзија на капитација 12.28. Во оваа верзија е додадена опција за закажување на апарати.

18.07.2013

Денеска Министерството за здравство има направено измени во шифрарникот на институции за упатување. За да немате проблеми при закажувањето на термини потребно е да направите конфигурирање (да ги превземете институциите повторно).

12.07.2013

Објавена е нова верзија на капитација 12.27. Во оваа верзија корегирана е грешка при реализирање на цели и нема никаква промена во начинот на работење.

10.07.2013

Доколку при закажување на термин или праќање на електронски рецепт не се закаже терминот или рецептот не се прати успешно, се враќа порака од серверот на Министерство за здравство со текст на грешката. Во текстот на грешката пишува што е проблемот, прочитајте го текстот и утврдете што е грешката. Ако фали некој податок што не сте го внеле, внесете го. Ниедна од овие грешки неможат да се одстранат од наша страна бидејќи не се поврзани со функционирање на програмата.

09.07.2013

Објавена е нова верзија на капитација 12.26. Во оваа верзија оптимизирано е внесувањето на рецепти (додадена е можност за препишување на повеќе рецепти за ист лек одеднаш).

09.07.2013

Објавена е ново упатство за внесување на електронски рецепти.

01.07.2013

Доколку неможете да го пратите рецептот на серверот од Министерство за здравство во моментот, пробајте подоцна. Проблемот не е до нас и ние неможеме да го отклониме. Паѓа серверот на Министерството. Кога ќе го стартуваат ќе може да ги пратите рецептите. Ние воопшто неможеме во тоа ништо да помогнеме.

01.07.2013

Објавена е нова верзија на капитација 12.25

30.06.2013

Објавена е нова верзија на капитација 12.24

27.06.2013

Почитувани корисници, пред да започнете со издавање електронски рецепти најпрво треба да ги превземете генериките од серверот на Министерството за Здравство. Во формата за препишување на рецепти го избирате табот „Конфигурирање“ и потоа притискате на копчето „Превземи повторно“. Оваа постапка е слична на постапката за превземање институции за интернет упати.

27.06.2013

Денеска е објавена нова верзија на капитација (верзија 12.23). Во оваа верзија е овозможено да препишувате рецепти преку интернет. На нашата веб страна www.ka-softplus.com.mk има детелно упатсвто како да препишувате рецепти преку интернет.

19.06.2013

Во врска со електронските рецепти: Од Министерството за Здравство сеуште не е ставена комплетна позитивна листа. Освен тоа недостигаат податоците за цена на лекот, дали лекот е антибиотик или анксиолитик што се битни податоци за реализација на целта рецепти. Во нашата програма делот за електронски рецепти е готов, меѓутоа не го објавуваме поради недостиг на тие податоци што ке доведе до неточност при реализација на целта рецепти. Имаме ветување од Министерството за Здравство дека за краток временски период ќе ги комплетираат податоците што недостасуваат. Откако ова ќе биде средено од страна на Министерството за Здравство од наша страна ќе биде објавена комплетна верзија која ќе функционира како што треба.

17.06.2013

Поради можност од хардверски дефект, кражба на компјутер, снемување на струја или блокирање на компјутерот може да дојде до загуба на податоци.За да се спречи загубата на податоци потребно е да правите заштита на податоците барем 2 пати месечно. За они кои го немаат програмчето за правење на заштита на податоци можат да го симнат од нашата веб страна www.ka-softplus.com.mk

03.06.2013

За сите оние кои имаат проблем со интернет упатите: Во петокот на 31.05.2013 на серверот на Министерство на Здравство имаШе направено измени околу институциите, дејностите и лекарите поради што можеби нема да можете да закажувате. Во конфигурирање кај интернет упатите треба да ги превземете податоците повторно.

27.05.2013

Објавена е нова верзија 12.22.Во оваа верија прилагодени се рецептите и упатите споредн новиот правилник. Додадени се три нови документи во Прегледи/Документи.

10.05.2013

Препорака во врска со интернет упатот, во табот Конфигурирање има копче Превземи повторно. Со кликање на оваа копче се превземаат сите институции, дејности и лекари од серверите на Министерство за здравство. Во зависност од брзината на Интернет, брзината на компјутерот и оптеретеноста на серверот во МЗ, оваа операција може да трае и 1 час. Доколку кликнете на оваа копче се додека незаврши трансферот нема да може да работите, затоа кликајте на него после работа или кога имате пауза. На него треба да се кликне ако има нови институции, дејности и доктори кои во моментот ги нема во вашата база.

25.04.2013

Известување: Почитувани корисници на нашиот софтвер за капитација, Ве известуваме дека во врска со Вашите барања за кориснички имиња и лозинки за користење на апликацијата МОЈ ТЕРМИН, ние НЕ ИЗДАВАМЕ кориснички имиња и лозинки. Апликацијата МОЈ ТЕРМИН е во сопственост на Министерството за Здравство и корисничките имиња треба тие да Ви ги издадат. Во нашиот софтвер е имплементиран модул за издавање на упати и закажување преку интернет, и тоа корисничко име и лозинка не ви е потребно за закажување преку нашиот софтвер.

22.04.2013

Објавена е нова верзија 12.21.Во оваа верија поправени се некои помали грешки.

22.04.2013

Известување до сите оние кои имаат проблем со упатувањето на интернет (нема слободен термин, недостасува некоја институција, дејност или лекар) ваквиот тип на проблеми не се до програмот капитација бидејќи сите овие податоци се превземаат директно од серверот во Министерството за Здравство.

08.04.2013

Објавена е нова верзија 12.17.Во оваа верија е додадена опција за превземање на резултат од специјалист доколку е внесен. Има и опција за бришење на термини, доколку не е поминато времето за бришење одредено од МЗ. Исправени се некои помали грешки.

Видео упатство за закажување термини преку интернет

Видео упатството можете да го погледнете на следниов линк: http://www.youtube.com/watch?v=nlckZdiOKGM

03.04.2013

Според објавеното упатство од ФЗОМ за трансферот на податоци за планирани и реализирани цели од 27.11.2012 година, податоци за план и реализација на обуки НЕ ТРЕБА да се трансферира во електронските фајлови. Во некои продрачни служби истото го барале и многу доктори се вратени. Грешката од нивна страна е утрврдена и исправена. Може да ги доставите повторно дискетите без никаква промена, доколку сте вратени со образложение за неточен трансфер во делот за обуки.

31.03.2013

Објавена е нова верзија 12.15.Во оваа верија е додаден модул за закажување на термин преку Интернет и исправени се грешки кои се појавуваа кај некои лекари со пресметка за цели.

05.03.2013

Објавена е нова верзија 12.14 и во неа е исправена грешката со децималите на пресметката што се појавуваше кај некои доктори.

01.03.2013

Објавена е нова верзија 12.13 и во неа се отстранети децималните броеви во фактурите. Исто така се напревени некои измени во врска со забелешките од корисниците.

30.01.2013

Објавена е нова верзија 12.12 во која се отклонети повеќе грешки и забелешки од корисниците. Во оваа верзија исто така е отклонет проблемот со линкот за мое осигурување.

09.01.2013

Од први јануари оваа година, целта рецепти се остварува на нов начин. Информациите за достигнатите суми во Вашите програми се само информативно за Вас и истите не се земаат во предвид од страна на ФЗОМ кога се пресметува остварениот процент од целта рецепти. За целта рецепти валидни се податоците кои ФЗОМ ги добива од аптеките. Во нашата програма, во сумите кои се сметаат за Вас не влегуваат сумите за лековите кои имаат режим на препишување RS и RSS освен за антибиотици. Значи, иако генериките имаат цени различни од нула, доколку тие се со режим на препишување RS или RSS, истите нема да се пресметаат освен ако не се антибиотици. Доколку сами внесувате некои генерики во менито Листи/Генерики и сумите на тие генерики не треба да влегуваат во вкупните суми на препишани лекови, истата може да ја ставите со цена нула или пак во режим на препишување ја ставите буквата S.

24.12.2012

Во новата верзија на капитација има опција од формите да се излегува со 'Esc' наместо да кликате на 'Close' или 'Izlez'.